Битката за титулата во англиското првенство оваа сезона е исклучително интересна и сигурно ќе продолжи до последното 38-мо коло, а суперкомпјутер денес откри и како ќе заврши.
Со ремито против Евертон тимот на Ливерпул го загуби првото место на табелата, па после 29 одиграни кола Манчестер Сити е лидер со еден бод повеќе од конкурентите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Суперкомпјутерот дојде до крајно решение според базата на претходни резултати и веројатности, за да го прогнозира секој резултат до крајот на сезоната.
Според сметките на Football Web Pages токму тој бод ќе биде пресуден на крајот на шампионатот за Манчестер Сити да ја освои титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ сезоната ќе ја завршат со 98 бода, еден повеќе од Ливерпул
На третото место ќе заврши Тотенхем со освоени 78 бода, а последното место кое води во Лигата на шампиони ќе ги освои Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ според суперкомпјутерот ќе завршат на 4-то место пред Арсенал и Челзи.
Во втората лига ќе се преселат Хадерсфилд, Фулам и Кардиф.