Дома Луд Спорт Судот немаше милост – Меси 21 месец во затвор!

Судот немаше милост – Меси 21 месец во затвор!

Шпанскиот Врховен суд ја потврди казната од 21 месец затвор за фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.

Ѕвездата на Барса, заедно со неговиот татко Хорхе, е осуден за даночна измама во јули минатата година, но тие одлучија да поднесат жалба до Врховниот суд на Шпанија. По процесот кој се спроведуваше во претходниве месеци, Врховниот суд прогласи дека се виновни и ги осуди на 21 месец затвор.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


За среќа, Меси нема да оди зад решетки. Според шпанските закони било која казна до две години може да биде и условна, така да Меси во овој случај ќе се извлече и нема да оди зад решетки.

Потсетуваме, таткото и синот Меси се обвинети дека немаат платено данок во износ од 4,1 милиони евра во периодот од 2007. до 2009. година, што на крајот ги доведе до суд.

Покрај оваа казна, Меси ќе плати парична казна од два милиони евра, додека неговиот татко ќе плати милион и пол евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Еве како Роналдо, Меси и други фудбалски ѕвезди го дочекаа Божиќ📷

Уште една година голем број фудбалски ѕвезди решија да објават фотографии на социјалните м…