Дома Топ вести Судир на титаните – Перез сака еден, Роналдо друг!

Судир на титаните – Перез сака еден, Роналдо друг!

Како што одминува времето на сите им станува јасно дека Чилеанецот, Алексис Санчез ова лето ќе го напушти Арсенал.

Договорот на Санчез истекува на крајот на оваа сезона и фудбалерот нема намера да го продолжи. Интерес покажаа неколку европски гиганти, а во прв план се истакнуваа ПСЖ и Манчестер Сити, а последен кој се вклучи во целата приказна е претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сепак, оваа идеја на Перез наиде на негодување од првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо кој според „Дон Балон“ е против доведувањето на Чилеанецот.

Истиот извор наведува дека Роналдо смета дека „кралевите“ немаат потреба да доведуваат некој кој ќе биде негова конкуренција.

Од друга страна пак Роналдо го убедува Перез да го доведе фудбалерот кој оваа сезона блеска во редовите на Валенсија, Гончало Гуедеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…