Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Судбоносна битка во Казан, фаворитите се борат за „гол живот“

Судбоносна битка во Казан, фаворитите се борат за „гол живот“

Со денешните три натпревари завршува второто коло од групната фаза на Мундијалот, по што многу работи ќе бидат познати особено во Групата Х.

Денешниот ден на Мундијалот во Русија ќе биде отворен со дуелот меѓу Англија и Панама во 14 часот во Нижни Новгород. Избраниците на Герет Саутгејт се големи фаворити, па ќе се обидат да ја следат Белгија за во последното коло да се одлучи победникот во групата. Селекторот за овој меч ќе направи мали промени во тимот и повторно ќе игра со тројца во одбрана. Под знак прашалник е настапот на Деле Али, кој најверојатно ќе го пропушти мечот, а на негово место се очекува да започне Лофтус-Чек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Магире, Трипие, Лофтус-Чек, Хендерсон, Лингард, Јанг, Рашфорд, Кејн.

Панама: Пенедо, Торес, Ескобар, Мурилјо, Дејвис, Гомез, Годој, Купер, Барсенас, Родригез, Перез.

Според букмејкерите Англија е огромен фаворит во овој меч. Коефициентот за победа според Coinbet24 изнесува 1.22 за реми 6.00 додека за победа на Панама коефициентот е 14.80.

Во Групата Х после стартните порази на фаворитите Колумбија и Полска, денес главната битка ќе се води во Казан од 20 часот. Многу работи ќе бидат јасно после исходот на мечот Јапонија – Сенегал, ако некоја од овие две селекции триумфира ќе значи една осминафинална виза искористена.

Поразот во овој натпревар ќе значи пакување на куферите за Полска или Колумбија, најмалку посакуван иског е ремито, иако и тоа е во игра, ако и првиот меч Јапонија – Сенегал заврши без победник. Во тимот на Колумбија се очекува Хамес Родригез да стартува од првата минута, откако во првиот меч влезе од клупта. И двете селекции се сложуваат дека овој натпревар ќе биде како финале.

Полска: Шчесни,Глик, Паздан, Пишчек, Рибус, Горалски, Криховијак, Бережински, Гросицки, Зиелински, Левандовски.

Колумбија: Оспина, Аријас, Запата, Муриљо, Мохика, Агилар, Бариос, Куадрадо, Родригез, Муриел, Фалкао.

И букмејкерите очекуваат израмнет дуел. Коефициентот во Coinbet24 за победа на Полска изнесува 3.25 за реми 3.35 додека за победа на Колумбија коефициентот е 2.24.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…