Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано вечерва останаа непоразени на „Сантијаго Бернабеу“ одигрувајќи 0:0 против Реал Мадрид кој влезе како голем фаворит на натпреварот.
Еден од најзаслужните за ова реми на Рајо е токму македонскиот голман кој имаше неколку одлични интервенции и остана несовладан, a по натпреварот ја доби и наградата за играч на натпреварот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Најдобра веројатно беше онаа кога Ернесто Валверде влезе во зицер ситуација „еден на еден“.
Ова реми значи и дека Џирона ќе биде лидер во шпанското првенство по 12 кола.
Изненадувањето на сезоната во Шпанија до овој момент има 31 бод, Реал е на 29, додека Барселона е трета со 27 освоени бодови.
Димитриевски од друга страна со уште еден одличен натпревар, а беше избран и за играч на натпреварот. Рајо во минатото коло славеше против Лас Палмас со 1:0.