Дома Фудбал Столбот на одбраната на Реал Мадрид се враќа токму кога ќе биде и најпотребен

Столбот на одбраната на Реал Мадрид се враќа токму кога ќе биде и најпотребен

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао се опоравува од тешката повреда и наскоро би можел да се врати на теренот.

Бразилецот и лидер на одбраната на Реал Мадрид доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото уште во август и тогаш се најавуваше дека за него тоа е крај на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, опоравувањето на Милитао тече одлично и тој веќе тренира со топка и според најавите би можел да заигра во април.

Бразилецот тогаш би се вратил по осум месеци што и е предвидената пауза за таквиот вид на повреда (предните вкрстени лигаменти). Мадритските медиуми пренесуваат дека Милитао може да се врати когаќ е биде најважниот период во сезоната.

Реал секако ако се пласира тогаш би го очекувало четвртфиналето во Лигата на шампионите, а тука и завршницата од сезоната во Ла Лига каде што се борат за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…