Бразилскиот фудбалер Вилијан не може да биде задоволен од третманот во Челзи, а медиумите пренесуваат дека би можел да премине во Манчестер Јунајтед.
Вилијан не добива доволен простор за игра кај менаџерот Конте и се погласни се шпекулациите дека Жозе Мурињо сака да го доведе во редовите на Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот во 2012 година пристигна на „Стенфрод Бриџ“, но оваа сезона одигра шест натпревари во Премиер лигата, последен пат беше стартер на натпреварот против Евертон во Лига купот.
„Секако дека сакам да играм на секој натпревар, но ја почитувам одлуката на тренерот бидејќи имаме голем број натпревар. Морам да ја почитувам одлуката на Конте. Имав контакт со Манчестер Јунајтед, но не сум блиску до заминување од Челзи“, изјави Вилијан.