Дома Фудбал Англија Статистиката вели: Мустафи е подобар од Ван Дијк!

Статистиката вели: Мустафи е подобар од Ван Дијк!

Да, добро прочитавте! Навивачите на Арсенал успеаа да пронајдат некои статистички параметри кои јасно покажуваат надмоќ на Мустафи во однос на холандскиот стопер.

Нема сомневање дека во прв момент оваа информација изгледа чудно, но статистиката навистина е таква.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, една фан страница на Арсенал спореди некои статисички параматери на Ван Дијк и Мустафи од оваа сезона. Така процентот на успешни лизгачки стартови на Мустафи е подобар од оној на Ван Дијк, како и процентот на пресечени топки.

Кога во прашање се постигнатите голови, двајцата се на бројката од два гола, а вреди да се истакне дека Ван Дијк оваа сезона настапи на 35 натпревари, а Мустафи на 28.

Овие податоци се уште поинтересни ако се знае дека Германецот е мета на критики на навивачите на Арсенал поради некои послаби настапи оваа сезона, односно поради големиот број грешки кои резултираа со гол во мрежата на Арсенал. Најсевеж пример на една таква можевме да видиме за викендот кога Мустафи против Кристал Палас направи грешка, а Заха погоди за 2:1.

Од друга страна Ван Дијк игра сезона од соништата со Ливерпул. Холанѓанецот оваа сезона се трансформираше во вистински командант на одбраната на тимот од „Енфилд“ кој до крајот на првенството ќе води голема борба со Манчестер Сити за шампионската титула.

Споменатата статистика е уште поинетесна ако ги споредиме парите потрошени за овие фудбалери. Ливерпул за Ван Дијк во последните денови од 2017 година плати сума од 85 милиони евра што е апсолутен рекорд кога во прашање се одбранбените фудбалери, додека Мустафи во Арсенал пристигна од Валенсија во 2016 година за 41 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…