Дома Фудбал Останато Ван Дајк: Имам дрес со потпис од Малдини, тој е најдобриот на сите времиња

Ван Дајк: Имам дрес со потпис од Малдини, тој е најдобриот на сите времиња

Фудбалерот на Ливерпул и еден од најдобрите стопери во светот, Вирџил Ван Дајк откри кој според него е најдобриот на неговата позиција на сите времиња.

Холанѓанецот нема дилеми дека тоа е легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене Паоло Малдини е најдобриот стопер во историјата. Неверојатно многу го почитувам тој човек. Тој е вистинска фудбалска легенда. Играше на неверојатен начин и освои се со Милан“, изјави Ван Дајк.

Минатата година Ван Дајк долго отсуствуваше поради повреда, а додека се опоравувал ги гледал дресовите од минатото и го пронашол оној на Малдини.

„Додека бев повреден ги собирав дресовите кои ги имав дома, се потсетив на еден од неговиот потпис. Посакав да го видам и да го прашавам како е“, се потсети стоперот на Ливерпул.

Ван Дајк се уште не ги достигнал успесите на Малдини, но е на добар пат втор пат по во кариерата да стане шампион со Ливерпул. После титулата во 2019 година Ливерпул ќе игра ново финале против Реал Мадрид на 28. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …