Дома Фудбал Англија Станува сериозно: До Интер пристигна примамлива понуда за Икарди

Станува сериозно: До Интер пристигна примамлива понуда за Икарди

Интер вечерва наводно добиле доста примамлива понуда за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Медиумите во Италија и Шпанија вечерва објавија дека Челси испратиле понуда на адреса на екипа од Милано и таа гласи – 40 милиони евра плус Алваро Мората за Мауро Икарди.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Оваа понуда за Интер е секако примамлива. Сепак, сопругата на аргентинскиот напаѓач вчера објави дека Икарди останува во Интер, но од овој тим се уште не се огласиле.

Претходните месеци се споменуваше можноста за негово заминување од Џузепе Меаца, но клубот бара огромни 110 милиони евра.

Тоа им е прилика да заработат одлични пари бидејќи оваа клазула истекува на 15. јули. Мората и 40 милиони евра е добра понуда, но останува да видиме што ќе одлучи италијанскиот клуб.

Икарди минатата сезона постигна 29 погодоци и го предводеше Интер до ЛШ, но тоа не му помогна да добие повик во репрезентацијата на Аргентина за СП.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…