Иднината на Пауло Дибала е главна тема на Апенините, откако стана јасно дека Аргентинецот ќе го напушти Јувентус како слободен агент.




Негов приоритет е останување во Италија, а еден негов потег ги разгоре шпекулациите за негова преселба во Милано.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Дибала си купил ексклузивен стан во Милано, и тоа во близина на канцелариите на Интер.




Токму Интер е клубот кој најсилно се поврзува со Дибала и „нероаѕурите“ наводно се во напредни преговори со Аргентинецот.




Вчера се појавија информации дека Дибала после емотивната разделба не сака да се пресели во најголемиот ривал, но купувањето на нов дом во Милано може да се толкука како сигурен знак.