Дома Фудбал Спектакл од 7 голови за продолжение на бајката на Џирона (ВИДЕО)

Спектакл од 7 голови за продолжение на бајката на Џирона (ВИДЕО)

Џирона го победи Атлетико Мадрид со 4:3 во најдобриот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат и со тоа го задржа чекорот со Реал Мадрид во поредокот.

Во првото полувреме беа постигнати пет гола. Валери, Савио и Дејли Блинд погодија за Џирона, додека Алваро Мората постигна два гола за Атлетико.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Центарфорот на Атлетико го комплетираше хет-трикот со гол во 54. минута за 3:3, но тука не беше крајот.

Иван Мартин погоди во 91. минута за победа на Џирона од 4:3.

Така Џирона со 48 бода повторно се израмни со лидерот Реал Мадрид кој на домашен терен ја победи Мајорка со 1:0.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …