Дома Фудбал Италија Спектакл на „Сан Сиро“, шест гола, без победник ?

Спектакл на „Сан Сиро“, шест гола, без победник ?

Милан и Рома одиграа спектакуларен натпревар со шест гола, кој на крајот заврши без победник.

„Росонерите“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа во 2-та минута со голот на Златан Ибрахимовиќ. Меѓутоа Рома израмни во 14-та минута со голот на Џеко после големата грешка на голманот Татарушану.

Во вториот дел гледавме исклучително возбудлив натпревар. Милан дојде до водство со голот на Салемакерс на самиот старт. Потоа гледавме израмнет фудбал се до 70-та минута кога судијата Џакомели досуди сомнителен пенал за Рома, а сигурен реализатор беше Верето.

Милан тргна по победата и во 79-та минута беше досуден пенал на другата страна кој во гол го претвори Ибрахимовиќ. Рома израмни после еден корнер во 84-та минута преку Кумбула, но „росонерите“ имаат за што да жалат бидејќи пропуштија две чисти шанси во финишот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неговите објави се хит: Мурињо повторно ја насмеа фудбалската јавност

Фудбалерите на Тотенхем синоќа во гости кај ЛАСК одиграа нерешено (3:3) во натпревар од пе…