Ќе гледаме голем спектакл во „Медисон Сквер Гарден“ на 1-ви јуни.
Шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа закажа нова борба!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џошуа ќе боксува во САД на 1-ви јуни против Џарел Милер. Спектаклот ќе се одржи во легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“ и ќе го носи епитетот борба за БВА, БВО И ИБФ појас.
Ова за Џошуа можеби е малку ризичен потег, бидејќи оди на теренот на Американецот кој не доживеал пораз во кариерата (од 23 борби има 22 победи и едно реми, 20 победи добил со нокаут).
Џарел Милер во овој момент е четврти на ВБА листата.
За Џошуа ова ќе биде четврто бранење на титулата. После нокаутирањето на Владимир Кличко во 2017 година, следуваа победи против Карлос Тејкам, Џозеф Паркер и Александар Поветкин каде што ја потврдуваше доминацијата.
Сепак, против Милер за кого експертите велат дека боксува слично како Мајк Тајсон на Џошуа нема да му биде лесно.
Од друга страна Џошуа на овој начин сака да го одржи и уште еднаш да го потврди статусот најсилен човек на земјата и не сака неговиот авторитет да се доведува во прашање. Во досегашната кариера Џошуа има 22 борби, а на 21 од нив славеше со нокаут.
Во продолжение може да ги погледнете најдобрите нокаути на Џошуа и Милер.
https://youtu.be/CkP7VPDEiIc
Интересно е што за Милер не се неознати и другите вештини, па се проба во ринг со ултимејт фајтерот, легендарниот Мирко Филиповиќ – Кро Кап кого малку го исплаши со појавата на мерњето.
View this post on Instagram
“Big Baby” Miller weighs in at a whopping 272lb versus Mirko Cro-Cop at 232.6lb
Сепак, легендарниот Хрват во рингот го совлада, па Џошуа би можел од овој меч да извлече поука.