Дома Фудбал Италија Спалети јасно ја бара најголемата можна клаузула за Икарди

Спалети јасно ја бара најголемата можна клаузула за Икарди

Италијанските медиуми оваа недела пренесоа дека Интер планира да му понуди продолжување на соработката на својот напаѓач, Икарди, најмногу поради фактот дека во таборот на „Нероаѕурите“ сметаат дека неговата откупна клаузула од 110 милиони евра не е доволна да ги предомисли потенцијалните купувачи.

Токму поради тоа и тренерот на Интер, Спалети смета дека клубот би морал да понуди нов дополнет договор, со поголема откупна клаузула.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За Икарди треба да се даде најголемата откупна клаузула. Тој е на нивото на Иско и останатите врвни играчи“, прокоментира Сплаети за Премиум спорт, очигледно осврнувајќи се на фактот дека на новиот договор на Иско со Реал Мадрид е вклопена откупна клаузула од 700 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…