Лучијано Спалети наиде на огромни критики од фудбалските фанови и италијанските медиуми, бидејќи не му дозволи на Франческо Тоти за последен пат да заигра на „Сан Сиро“.
Тоти ја игра последната сезона, публиката на „Сан Сиро“ со транспарент и аплауз го поздрави големиот противник, а Спалети иако имаше сигурна предност, сепак не го стави „принцот“ во игра во самиот финиш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ако не, следниот пат може да направиме гласање и да одбирате кој да влезе во игра… Кога ќе го ставам Тоти во последните пет минути, ми кажувате дека сум смешен и дека не покажувам доволно почит. Сега ме прашувате зошто не сум му дал шанса на крајот. Не знам што да правам. Ако сум ве повредил вас и фановите, се извинувам и добро ќе размислам следниот пат“, нервозно изјави Спалети и додаде:
„Доколку можев да го вратам времето, никогаш немаше да се вратам во Рома. Секогаш зборуваме за едни исти работи. Тимот заслужува пофалби, но наместо тоа, зборуваме за Тоти. Ако му дадам шанса во последните пет минути покажувам непочитување кон легенда, ако не го пуштам во играм, и тоа е погрешно“.