Дома Фудбал Останато Со комичниот автогол на Најлс и голот на Суарез во 90-та Барселона го победи Арсенал (ВИДЕО)

Со комичниот автогол на Најлс и голот на Суарез во 90-та Барселона го победи Арсенал (ВИДЕО)

Вечерва веше одигран натпреварот помеѓу Барселона и Арсенал за „Жоан Гампер“ трофејот.

Барселона со пресврт успеа да го победи Арсенал со 2:1. Каталонците на овој натпревар стартуваа без Меси и Суарез, како централен напаѓач шанса доби Гризман.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во првото полувреме Арсенал стигна до водство со голот на Обамејанг во 36-тата минута. Габонецот ја погоди мрежата на Барса после асистенцијата на Озил.

Со тој резултат се замина на полувреме, а вториот дел како и што вообичаено во предсезоната донесе голем број измени. Луис Суарез во игра влезе во 63-тата минута на местото на Осман Дембеле.

До изедначување Барселона стигна пет минути подоцна кога Метјланд Најлс си постигна еден комичен автогол.

Кога изгледаше дека победникот ќе се решава со изведување на пенали Суарез погодува во последните моменти и носи победа за Барселона.

Треба да се спомене, дека Меси целиот натпревар го помина на клупата за резерви.

https://www.youtube.com/watch?v=8AFlvp8CFuc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…