Дома Фудбал Англија Сопственикот на Манчестер Јунајтед за првпат се огласи за Тен Хаг!

Сопственикот на Манчестер Јунајтед за првпат се огласи за Тен Хаг!

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се најавува, но и навивачите очекуваат Ерик Тен Хаг наскоро да добие отказ.

Во јавноста за позицијата на Тен Хаг сега за првпат се огласи сопственикот на премиерлигашот, Сер Џим Ратклиф.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, тој како што вели не одлучува за иднината на холандскиот стратег.

„Не би сакал сега да одговорам на ова прашање. Се што можам да ви кажам е дека ми се допаѓа Ерик, мислам дека е добар тренер, но јас не одлучувам зан еговата иднина. Постои тим на луѓе кои ќе одлучат што е најдобро за целиот тим. Ние имаме само една цел, а тоа е да го вратиме Манчестер Јунајтед на победничките патеки“, изјави Ратклиф.

По шест одиграни кола Манчестер Јунајтед се наоѓа на 13. позиција на табелата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пред три години го гледаше Мундијалот од дома, а сега ќе биде еден од главните фудбалери во својата репрезентација!

Фудбалерите на Холандија остварија убедлива победа над Литванија во Амстердам со резултат …