Дома Фудбал Италија Сопственикот на Интер со официјално обраќање ги шокира фановите🎥

Сопственикот на Интер со официјално обраќање ги шокира фановите🎥

Смената на сопственоста на Интер е се поизвесна откако денес официјално компанијата „Сунинг“ потврди дека ќе се откаже од голем дел од своите бизниси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кинеската компанија „Сунинг“ е сопственик на италијанскиот гигант, кој се наоѓа во голема финансиска криза и има проблем со исплаќање на платите и долговите.

Со специјално видео обраќање сопственикот Жан Зиндон објави дека поради финансиската криза ќе мора да се откаже од поголем дел од своите бизниси.

Веќе извесно време медиумите објавуваат дека „Сунинг“ е во преговори со американскиот фонд „БС Партнерс“ за продажба на Интер.

Сопствениците на Интер имаат рок до 31-ви март да го продадат клубот и новиот сопственик да ги исплати долговите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зошто за Белингем не се применуваше новото правило на ФИФА?

Англиската фудбалска репрезентација се соочи со обвинувања за привилегиран судиски третман…