Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази сочуство до семејствата на жртвите во терористичките напади.
Во Манчестер синоќа во терористички напад загинаа најмалку 22 лица, додека 59 лица се повредени. Се тврди дека и самиот напаѓач погинал во експлозијата.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Медиумите во Англија денеска објавија дека недалеку од местото каде што се случил страшниот настан била и сопругата на Гвардиола, како и двете ќерки.
За среќа, тие поминаа без повреди, а ширум светот денеска стигнуваат зборови на поддршка за Манчестер. Сочуство до семејствата на жртвите изразија и многу личности од спортот.
Потсетуваме дека денешниот тренинг во Манчестер Јунајтед започнал со едноминутно молчење, додека е откажана и прес-конференцијата која требаше да се одржи вечерва.