Поради бизарната грешка на сопругата од Островот ни пристигна бизарна ситуација за еден несреќен фан на Арсенал.
Дејвид Хик кој починал на 66-годишна возраст животот го поминал како голем навивач на Арсенал и ретко кога пропуштал натпревар на „топџиите“. Неговата последна желба била да биде погребан во дресот на својот омилен тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговата сопруга имала најдобра намера и сакала да му ја исполни таа последна желба, но на крајот погрешила, па целата ситуација стигнала и до медиумите на Островот.
Таа ги помешала дресовите на Челси и Арсенал од 2003 година, кога „сините“ го имаа „Fly Emirates“ за спонзор и место во дрес на Арсенал, го закопала сопругот во дрес на еден од најголемите ривали на „топџиите“.
Со изјава во медиумите се огласи и внуката на Хик кој потврди дека станувало збор за грешка.
„Искрено тоа беше ненамерна грешка, неговата поранешна сопруга се грижеше најдобро за Хик до последниот момент. Таа не следи фудбал и затоа на посвети многу внимание“, изјавила Линда.