Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер: Уживам во критиките

Солскјер: Уживам во критиките

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер изјави дека сите во тимот се целосно фокусирани на натпреварот со Аталанта и дека потоа ќе размислуваат за она што следи.

„Црвените ѓаволи“ утре во 21:00 часот во Бергамо ќе го играат натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите, а потоа ги чека градското дерби со Манчестер Сити во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Целиот фокус е на овој натпревар. Потоа ќе се насочиме на следните предизвици и дербито со Манчестер. Знаеме дека ќе биде тешко, но сме спремни. Во добра позиција сме во групата затоа што остваривме победа на домашен терен, но треба да дојдеме и до посакуваниот резултат на гости“, изјави Солскјер.

Норвешкиот стратег не откри со кој состав ќе настапи.

„Не можам да ви го откријам планот на игра или тактиката, но имаме тим кој може да игра на повеќе начини. Во сабота квалитетот беше поважен од системот кој го игравме“.

Во последниот период Солскјер добива многу критики.

„Поради критиките може да се случи да се посомневате во себе. Јас секогаш уживам во нив, ме мотивираат. Сите можат да го кажат своето мислење, не сакам да влегувам во расправии“, истакна Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…