Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер откри дека секогаш претпочита неговиот клуб да го игра реваншот на гостински терен.
Утре Манчестер Јунајтед му гостува на Милан во реваншот од осминафиналето од Лига Европа.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Уште минатата недела видовме колку е тешко да се игра против Милан. Тимот е физички силен, има квалитет и енергија. Треба да бидеме на највисоко ниво за да одиме понатаму. Откако сум тука никогаш не сум имал среќа во ждребот. Но, морам да признаам дека секогаш повеќе сакам да гостувам за реваншот“, изјави Солскјер.
„Мојот тим напредува секој ден. Кога станува збор за составот, Марсијал сигурно нема да патува во Милано. Меѓутоа се враќаат Погба, Ван де Бек, Кавани и Рашфорд. Утре ќе го одлучам стартниот тим“, додаде Солскјер.