Дома Фудбал Англија Солскјер потврди: Без Рашфорд против Ливерпул

Солскјер потврди: Без Рашфорд против Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер протврди дека Маркус Рашфорд ќе го пропушти неделното дерби против Ливерпил, поради повреда на грбот што ја доби за време на дуелот со Вулверхемптон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Претходно денес, во медиумите на Островот се појавија информации дека англискиот репрезентативец ќе се појави како стартер на „Енфилд“, дури и со помош на инјекции против болки.

„Мислам дека тој веројатно нема да биде подготвен. Ќе му дадеме максимум време. Уште 48 часа има до мечот, па ќе видиме што ќе се случи“, истакна Солскјаер.

Навивачите на Ливерпул, меѓутоа, се сомневаат во неговите зборови, бидејќи Норвежанецот изјави пред дербито дека Давид де Геа ќе го пропушти натпреварот поради повреда, но голманот се појави како стартер на првото дерби кои се играше на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…