Манчестер јунајтед на отворањето на сезоната не игра најдобро, а нападот на „црвените ѓаволи“ е значително ослабен со заминувањето на Лукаку и Санчез.
Солскјер не донесе замена за двете големи ѕвезди, а денес англиските медиуми го открија планот и тврдат дека Солскјер ќе прави промени наредното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој не сакаше привремени решенија во овој преоден рок, па поради тоа беа стопирани некои трансфери.
Негова најголема желба е да ја доведе ѕвездата на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо.
Фудбалерот игра одлично во последно време, па би бил големо засилување за „ѓаволите“, но Дортмунд нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра.
Манчестер Јунајтед ќе чека до наредното лето, каде ќе биде спремен да понуди 100 милиони евра, сума која клубот ќе ја добие од трансферите на Лукаку и Санчез.