Дома Фудбал Англија Солскјер: Имаше два пенали над Роналдо големи како планина

Солскјер: Имаше два пенали над Роналдо големи како планина

Манчестер Јунајтед вчера со три бода се врати од гостувањето кај Вест Хем (1:2). Херој беше Давид Де Геа кој во последните минути одбрани пенал, а Роналдо и во овој натпревар се запиша во листата на стрелци.

После натпреварот тренерот Солскјер не зборуваше многу за победата или одбранетиот пенал на Де Геа, туку за односот на судиите кои го имаат кон Роналдо. Солскјер смета дека имало два пенали врз Роналдо.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Врз Роналдо имаше два пенали. Тоа беа пенали како планина. Противникот ја постави ногата во првиот случај, додека во последниот Зума не ја допра топка и го го собори во шеснаесетникот. Роналдо протестираше за два пенали, а не доби ниту еден“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…