Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер најави „офанзива“ на неговиот клуб на летниот трансфер пазар.
Јунајтед сака значително да го засили тимот ова лето, а Солскјер тврди дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат богат буџет за трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кој знае како пазарот ќе реагира на оваа ситуација? Некои клубови ќе мораат да го продаваат своите ѕвезди. Можеби ќе има ситации кои ние ќе бидеме спремни да ги искористиме. Јунајтед е еден од најбогатите клубови во светот, ако не и најбогатиот“, тврди Солскјер.
Моменталната ситуација е добредојдена за Манчестер Јунајтед бидејќи кога ќе продолжи Премиер лигата ќе бидат опоравени Пол Погба и Маркус Рашфорд, кои се рехабилитираат од повредните.
„Мислам дека горе-долу сите во лигата ќе почнат од истото ниво. Можеби тие двајца ќе бидат мотивнирани повеќе бидејќи кога ќе се вратат ќе бидат дури и на подобро физичко ново во однос на останатите“, смета Солскјер.