Дома Фудбал Останато Солари вчера потпиша, но Марадона тврди: Нема долго да издржи

Солари вчера потпиша, но Марадона тврди: Нема долго да издржи

Легендарниот Диего Марадона не верува дека неговиот сонародник Сантијаго Солари долго ќе се задржи на клупата на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчеравечер Реал Мадрид и официјално потврди дека со Солари е потпишан договор до 2021 година.

Сепак, Марадона смета дека Солари нема долго да издржи на клупата.

„Солари нема доволно поддршка од екипата. Тој доби доверба од претседателот, но мислам дека нема долго да се задржи на клупата на Реал“, изјави Марадона.

Новинарите потоа го запрашаа Марадона дали тој би сакал да добие шанса да биде тренер на Реал.

„Секако, би сакал. Имам доволно искуство, но во овој момент сум среќен во клубот во кој работа“, нагласи тренерот на мексиканскиот второлигаш Дорадос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп за првпат откри: Преговарал за Мбапе и тоа во авион! (Видео)

Јирген Клоп раскажа како клубот од „Енфилд“ во еден случај се обидел да го убеди Килијан М…