Лука Ромеро од Мајорка вчера против Реал Мадрид постави рекорд во Ла Лига.
Ромеро настапи против Реал Мадрид и така го сруши рекордот стар 80 години поставен од Сансон во декември 1939 година. Во игра Мексиканецот влезе во 83. минута на местото на Ису Баба со само 15 години и 219 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Ромеро му се предвидува одлична кариера, а во Мајорка е од пред пет години. Инаку, негов татко е аргентинскиот дефанзивен играч за врска Диего Ромеро кој денес игра во Сан Вори во регионалните лиги во Шпанија.
Ќе потсетиме за Мајорка игра и македонскиот напаѓач Александар Трајковски кој вчерашниот натпревар го изгледа од клупата за резерви.
1 – Aged 15 years and 219 days, Mallorca's Luka Romero becomes the youngest player to ever play a @LaLigaEN game, beating Sansón's record for Celta de Vigo in December 1939 (15 years and 255 days). Kid.
— OptaJose (@OptaJose) June 24, 2020