Екипата на Вардар денес требаше да пристигне во Анталија на подготовките, но летот беше одложен поради големото невреме и големиот снег кој падна во Истанбул и околината.
Поради снежното невреме авионските линии се во прекин на неодредено време, па така вардарци ќе почекаат. Со истиот проблем се соочија и селекторот на „А“ репрезентацијата Благоја Милевски и селекторот на У21 Драган Канатларовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата селектори денес требаше да отпатуваат во Ангалија и да ги следат натпреварите на македонските екипи.
Турските медиуми пренесуваат дека снег во овој град паѓа после 25 години. За македонските екипи кои се веќе таму нема проблеми и можат да тренираат.
Фото: ФК Вардар