Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Случај „медалот на Калиниќ“ – играчите одлучија

Случај „медалот на Калиниќ“ – играчите одлучија

Донесена е одлука во врска со медалот на Никола Калиниќ.

Како што е веќе познато Калиниќ го напушти кампот на репрезентацијата откако одби да влезе во игра во натпреварот против Русија и на себе го навлече гневот на јавноста.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Златко Далиќ не сакаше да ја наруши атмосферата во тимот па го испрати дома, а играчите и стручниот штаб донесоа и веројатно очекувана одлука.

„Избркан е малку преголем збор, тој после одлуката на селекторот е отстранет на составот и тоа на крај се покажа како добра одлука. Кога во прашање е медалот, она што јас знам е дека Калиниќ после одлуката на играчите и стручниот штаб ќе го добие својот медал“, изјави Томислав Пацак, портапаролот на хрватскиот фудбалски сојуз.

Иначе, Калиниќ многу веројатно ќе го напушти Милан, а следна дестинација би требало да биде Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Македонката Грозданова чекор поблиску до преселба во Јувентус!

Македонската фудбалска надеж Меланија Грозданова продолжува да го привлекува вниманието на…