Дома Фудбал Останато Славниот украински фудбалер завршил во болница, докторите се борат за неговиот живот!

Славниот украински фудбалер завршил во болница, докторите се борат за неговиот живот!

Поранешниот украински фудбалер, Артем Милевски завршил во болница и се бори за својот живот, добра вест е што ситуацијата засега му се подобрува, пренесуваат украинските медиуми.

Милевски кој денес има 38 години кариерата ја заврши пред две години, а и додека играше фудбал беше познато дека има проблеми со алкохолот.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Наводно, Милевски откако ја завршил кариерата уште повеќе се „посветил“ на алкоголот, неодамна во медиумите се појави и снимка на која се гледа како потпишува топка со логото на Динамо, додека едвај стои на нозе

Во јавноста се појави информација дека состојбата на Милевски е сериозна, по што се огласи неговиот пријател Олександр Алијев.

„Би сакал да ја разјаснам систуацијата околу Милевски. Со помош на сопственикот на Динамо Киев го сместивме во болница. Тука е пет дена, ситуацијата е сериозна, докторите се борат и барем засега ситуацијата оди кон подобро“, изјавил Алијев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

По Италијанец – Србин на клупата на Брера!

Управата на ФК АП Брера Струмица за шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ од Србиј…