Џон Тери целата своја кариера ја помина во дресот на Челзи со кој освои се што можеше да се освои.
Тери во младинските категории беше дел од Вест Хем, но во 1995 година се реши да продолжи во Челзи. Тери за „сините“ дебитираше четири години подоцна и за овој клуб играше цели 18 сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последната сезона во кариерата ја одигра во Астон Вила, а се пензионираше пред две години. Тој е една од иконите на Челзи иако во детството беше навивач на Вест Хем. Поради тоа имаше некои навистина интересни и неверојатни моменти во кариерата.
Неодамна тој раскажа анегдота од дуелот помеѓу Челзи и Вест Хем. Тери тогаш постигна гол против клубот во кои ги направи првите чекори и се реши голот да го прослави пред навивачите на Вест Хем.
„Моето цело семејство навива за Вест Хем. Во една ситуација постигнав гол против нив и го славев пред нивните навивачи. Тогаш во публиката ги видов татко ми и вујко ми како ме навредуваат и викаат на мене. Вујко ми дури ми покажа и среден прст. Мислам и дека постои фотографија од тој момент“, изјави Тери.
Да и во право е, постои фотографија.