Нголо Канте повторно успеа да ја воодушеви спортската јавност. Човекот со неверојатна скромност беше најдобар поединец во финалето на ЛШ.
Челси одигра фантастичен натпревар, целосно го неутрализираше Манчестер Сити и на крајот заслужено победи со 1:0. Канте го “преора“ теренот на стадионот Драгао и практично го имаше насекаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така овој 30-годишен играч стигна до ново достигнување во кариерата. Во период од пет години стана првак на Англија два пати, го освои СП, Лига Европа и Лига на шампиони.
Сцената после натпреварот кога Зума го носеше во раце малиот Канте го обиколи светот, меѓутоа неговата прва средба со трофејот беше нешто посебно.
Додека сите играчи на Челси од среќа и задоволство го бакнаа пехарот, скромниот Канте одлучи само претпазливо да го допре со блескава насмевка на лицето.
Kante didn't kiss the cup… How humble can someone be🥺😭#UCLfinal #Chelsea pic.twitter.com/UZeJJi4WpI
— hilal ka ni? (@inibukanhilal) May 29, 2021