Фудбалерот на Тотенхем, Серж Орие го пропушти дербито на минатото коло од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед, а сега е позната и причината.
Имено, Орие бил уапсен неколку часа пред неделниот натпревар, па поради притворањето, тој не беше во групата на Тотенхем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дефанзивецот живее на имот во Хертфордшир со неговата девојка, Хенча Војгт, која е позната во Англија како реалити ѕвезда.
Според информациите, Орие и Војгт имале домашен скандал пред својата мала ќерка. За време на инцидентот во полициската станица пристигнала пријава дека фудбалерот физички ја нападнал 31-годишната девојка.
Тој ги демантираше обвиненијата, па бил пуштен а обвинение не било покренато. Инаку со Војгт која се прослави во Америка како фитнес модел, Орие има дете, а заедно живеат повеќе од една година.