Дома Фудбал Италија Скандал во Италија: Отворена истрага против првиот човек на Фудбалскиот сојуз!

Скандал во Италија: Отворена истрага против првиот човек на Фудбалскиот сојуз!

Римското обвинителство води истрага против претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина поради наводна проневера и перење на пари поврзани со ТВ правата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гравина кој доброволно се сретнал со обвинителите ги негира обвиненијата. Имено, тој е обвинет дека противзаконски користел пари од продажбата на ТВ правата во 2018 година кога ја водеше третата дивизија.

„Баравме сослушување и предадовме документација за да покажеме дека нашиот клиент е невин. Се рачиствивме и сигурни сме дека вистината набрзо ќе излезе на виделина“, соопштија адвокатите на Гравина.

Гравина на чело на италијанскиот Фудбалски сојуз е од 2018 година, а во април 2021 е избран во извршниот комитет на УЕФА со функција на потпретседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната…