Само неколку дена пред да биде извлечена официјалната програма за престојната сезона во Серија А, два клуба можат да бидат исфрлени од италијанската елита.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, тимовите на Киево и Парма може да бидат исфрлени од Серија А поради финансиски измами и „договарање“ на крајниот резултат на некои натпревари.
Јавното обвинителство денеска го поднесе својот извештај по истрагата за клубот од Верона, со што се докажува дека правел финансиски малверзации и се бара да му бидат одземени 15 бода. Тоа автоматски ќе значи испаѓање во Серија Б.
Обвинителството го процесуира и „случајот Парма“, и од судот бара да не им биде дозволено на „млекарите“ да се вратат во Серија А.
Најголем „профот“ од целата ситуација може да имаат тимовите на Палермо и Кротоне. Тимот на Несторовски и Трајковски може да го заземе местото на Парма во Серија А, додека пак Кротоне ќе остане во Серија А на местото на Киево.
SERIE A 2018/19:
SECONDO QUANTO RIPORTA L'ANSA CHIEVO E PARMA SAREBERO A FORTE RISCHIO A, IL PRIMO PER LE FALSE PLUSVALENZE DI GIOCATORI, IL SECONDO PER ILLECITO SPORTIVO A CAUSA DEI MESSAGGI MANDATI DA CALAIO https://t.co/ysBAQoCSv9 pic.twitter.com/D3n1CKJn0e— Io Nasco Qui (@IoNascoQui) July 16, 2018