Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Скандал во Аргентина пред Мундијалот: Сојузот тврди дека е повреден, неговата сопруга – демантира!

Скандал во Аргентина пред Мундијалот: Сојузот тврди дека е повреден, неговата сопруга – демантира!

Скандал ја потресе репрезентацијата на Аргентина на три недели пред почетокот на Светското првенство.

Прашина во јавноста крена сопругата на голманот на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро за кого „Гаучосите“ објавија дека е повреден и дека нема да биде во можност да настапи на Мундијалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинците соопштија дека Ромеро го повредил коленото на десната нога и дека нема да биде спремен за Светското првенство.

Меѓутоа неговата сопруга, Елијана Гуерико тврди Фудбалскиот сојуз на Аргентина ја крие вистината и дека повредата на Ромеро е само изговор.

„Опоравувањето од ваквата повреда максимално може потрае две недели. Многу луѓе сакаат да го избркаат од репрезентацијата, но тој вредно работи и ќе биде спремен за првиот натпревар против Исланд. Не знам зошто толку им смета, уморни сме од нивните лаги“, изјави Елијана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…