Дома Фудбал Англија Сити падна во Лондон, Ливерпул е новиот шампион (видео)

Сити падна во Лондон, Ливерпул е новиот шампион (видео)

Вечерва го добивме новиот шампион во Премиер лигата! Манчестер Сити беше поразен на „Стенфорд Бриџ“, па Ливерпул и официјално после цели 30 години ја освои титулата.

„Граѓаните“ уште од самиот старт го контролираа натпреварот и создаваа шанси, но Челзи прв успеа да стигне до водство.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кристијан Пулишиќ пресече една топка на средината на теренот и со одличен пробив му донесе водство на Челзи, а со тој резултат се замина на одмор.

На самиот старт на вториот дел следуваше „магија“ на Де Брујн. Белгиецот го постигна еден од најубавите голови сезонава од слободен удар.

Во 77-та минута Фернандињо со рака играше пред гол линијата, па судијата му покажа црвен картон и досуди пенал, а сигурен реализатор беше Вилијан.

Со овој резултат Ливерпул и математички ја обезбеди титулата и се најде на врвот на Премиер лигата после цели 30 години, па славјето кај „црвените“ може да започне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите го сменија мислењето: Прво го сакаа Вилијамс, а сега не бил калибар за Барселона

Нико Вилијамс е главната тема во Шпанија изминативе два дена. Репрезентативецот на Шпанија…