Дома Фудбал Германија Сите го отпишаа, а Тухел вели: Можеме да ја освоиме титулата!

Сите го отпишаа, а Тухел вели: Можеме да ја освоиме титулата!

Баерн Минхен е во сериозна криза каква што во германскиот гигант не паметат подолго време. Избраниците на Томас Тухел кој е под сериозен притисок вчера го претрпеа третиот пораз во низа во сите натпреварувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изгуби Барн претходно од Леверкузен и од Лацио во Лигата на шампионите, а вчера Бохум освои три бода против баварците со победа од 3:2.

Се најавуваше дека ќе добие отказ, но Тухел на крајот сепак остана на клупата на Баерн.

„Ваквите порази не се фер, се тргна против нас. Се што можеше да излезе наопаку се случи“.

Беше запрашан Тухел и дали веруваат во освојување на титулата бидејќи Леверкузен кој игра одлично веќе има осум бода предност.

„Мене ако ме прашувате цврсто верувам дека можеме. Притисок? Тоа се случува со секој пораз, но денеска се боревме до последната секунда и не се откажавме во обидот да го избегнеме поразот“, истакна Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Модриќ подготвен да ризикува за Милан? Италијанците го открија неговиот план

Лука Модриќ не сака да ја пропушти финишот на сезоната. Од Италија доаѓаат информации дека…