Дома Фудбал Англија Сите голови и рекордите кои ги сруши Манчестер Јунајтед во историскиот меч со Саутемптон 🎥

Сите голови и рекордите кои ги сруши Манчестер Јунајтед во историскиот меч со Саутемптон 🎥

Maнчестер Јунајтед вчера во рамките од 22. коло во Премиер лигата го победи Саутемптон со неверојатни 9:0.

Се почна со црвениот картон на играчот на гостите Александре Џанквиц уште во втората минтуа. До крајот на првото полувреме Манчестер Јунајтед со головите на Ван Бисака, Маркус Рашфорд, Едисон Кавани и автоголот на Јан Беднарек водеше со 4:0.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во вториот дел Марсијал и Мектоминеј до 71. минута погодуваа за 6:0, но Саутемптон издржа уште 15 минути да не прими гол. Сепак, целосно се распаднаа кога судијата Мајк Дин го исклучи Беднарек во 87. минута. Тој направи старт за пенал и бее исклучен. Со два играчи помалку Саутемптон буквално се распадна и во наредните шест минути прими уште три гола. Ги постигнаа Бруно Фернандеш, Марсијал и Даниел Џејмс.

Тоа беше само трет пат во историјата на Премиер лигата некој тим да победи со девет голови разлика. Пред тоа го направи исто така Јунајтед против Ипсвич во 1995 година и Лестер против Саутемптон во 2019. Во двете ситуации резултатот беше 9:0.

Деветте гола на Манчестер Јунајтед беа дело на седум играчи и тоа е само втор пат еден тим од Премиер лигата да има толку стрелци во еден натпревар. Последен пат толку стрелци еден тим имал после натпреварот Челзи – Астон Вила во 2012 година.

Јунајтед со овие девет гола дојде до бројката од 12 против Саутемптон сезонава. Така го изедначи рекордот на Премиер лигата кој го држат уште Блекбурн против Нингем 1995/1996, Тотенхем против Виган 2009/2010 и Манчестер Сити против Вотфорд 2019/2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…