Дома Фудбал Симеоне јасен: Никогаш во Реал Мадрид!

Симеоне јасен: Никогаш во Реал Мадрид!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне истакна дека никогаш нема да биде тренер на Реал Мадрид, но исто така убеден е дека „кралевите“ никогаш не би го повикале.

„Никогаш нема да бидам тренер на Реал, иако досега мене никој не ми го понудил тоа. Тоа е прашање на чувство и почит. Меѓутоа би можел да работам во некоја друга шпанска екипа“, изјави Симеоне.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пред почетокот на оваа сезона шпанските медиуми шпекулираа дека Симеоне би можел да го напушти Атлетико, а најголем интерес за негов евентуален ангажман покажува Интер.

Аргентинецот неодамна ги демантираше шепкулациите и потврди дека сигурно и во наредната сезона ќе седи на клупата на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на Лука Модриќ освои трофеј со Милан!

Дванаесетгодишната Ема Модриќ, ќерка на славниот Лука Модриќ, го забележа својот прв успех…