Дома Топ вести Симеоне кон Барса: Јас сум тренер, а НЕ градинар!

Симеоне кон Барса: Јас сум тренер, а НЕ градинар!

Aтлетико Мадрид и Барселона го играат дербито на Шпанија и за овој натпревар на големо се пишува веќе неколку дена.

Во Шпанија сеуште е актуелна темата за референдумот во Каталонија, а и онака „жешката“ атмосфера дополнително ја запали тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Барселона пронајде начин да го „боцне“ клубот од Мадрид, па ги обвини дека на „Ванда Метрополитано“ тревата е превисока, како и дека тоа го прават за намерно да ја успорат играта на Барса.

„Слушајте, јас сум тренер, а не градинар. Го припремам тимот за натпреварот, а не косам трева. Кога ќе повикате некого во својот дом, тогаш тој јаде со вашиот прибор. Кога јас дојдов кај вас не бирав ништо, туку го добив она што ми го понудивте“, изјави Симеоне.

Атлетико и Барселона дербито на осмото коло во Ла Лига го играат утре во 20:45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…