Според информациите на медиумите од Островот, Бернардо Силва донел одлука да си замине од Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалскиот репрезентативец наводно веќе го известил Пеп Гвардиола за неговата намера да ја промени средината. Желба на Силва е да го облече дресот на Барселона и наскоро би требало да го комплетира трансферот.
Силва подолг период не е најзадоволен со статусот кој го има во клубот, иако важи за еден од најстандардните фудбалери. Посебно во одлична форма играше кон крајот на минатата сезона во која Сити освои „триплета“.
Останува во наредниот период да се види дали притисокот на Силва ќе биде доволен да си ја исполни желбата.