Денес, среда беше ден во кој барем според најавите Барселона требаше да ја плати откупната клазула за Антоан Гризман во износ од 120 милиони евра.
Среда дојде, но нема најави дека такво нешто ќе се случи, а во Шпанија почна да кружи вест со наслов – Барселона нема пари за Гризман!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби изгледа чудно, меѓутоа Барселона во овој момент навистина не може да ја исплати откупната клазула на Гризман. Веста дека Барса нема ја лансираше „АС“, а потоа на истата се надоврза каталонскиот „Спорт“ објавувајќи дека плаќањето на клазулата ќе се одложи за најмногу 72 часа.
Причина за тоа е затоа што преговорите на клубот со банките засега одат бавно и Барселона не може да обезбеди финансиска гаранција. И покрај ваквата ситуација во Каталонија преовладува мислењето дека доаѓањето на Гризман е само прашање на време.
Ова значи дека Гризман ќе добие одмор од нешто повеќе од 30 дена колку што претходно договори со луѓето од Барселона. На „Камп Ноу“ Гризман сигурно нема да го видиме барем до понеделник.
Проблемот настана затоа што Гризман не се појави на припремите. Во Атлетико се налутија и испратија порака до Барселона дека претходниот договор за исплата на споменатите 120 милиони евра на три рати нема да важи. Барселона сега нема друго решение освен да ги плати тие 120 милиони евра веднаш и плус шест за документацијата.
Го чекаме и понеделник да видиме што ќе донесе…