Дома Фудбал Италија Се чекаше долго време: Ањели се огласи по повод обвинувањата кон Роналдо

Се чекаше долго време: Ањели се огласи по повод обвинувањата кон Роналдо

Може да се каже очекувана реакција на првиот човек на италијанскиот шампион.

Претходните месеци Кристиано Роналдо се најде во центарот на вниманието поради скандалот, поточно обвинувањата од Кетрин Мајорга за наводно силување во 2009 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега кога бурата малку стивна се огласи и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

„Работите кои се случуваат во врска со Кристиано Роналдо се од лична природа, но разговарав со него и го убедив дека Јувентус стои зад него во секој момент. Ја има поддршката од сите во клубот“, гласи изјавата на првиот човек на „старата дама“.

Како што одминува времето сепак станува јасно дека Португалецот нема да има сериозни проблеми, со оглед на тоа дека поголемиот број докази се на негова страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…