Дома Фудбал Лига на шампиони Се уште не е завршено четвртото коло, а два клуба испаднаа од Лигата на Шампионите

Се уште не е завршено четвртото коло, а два клуба испаднаа од Лигата на Шампионите

Групната фаза од Лигата на Шампионите влегува во завршницата, а во групите А, Б, Ц и Д веќе е комплетирано четвртото коло.

По синоќешните натпревари, стана јасно дека два клуба повеќе немаат ниту математички шанси за втор круг, а тоа се Локомотива од Москва и катастрофалниот Монако, кој повеќе никого не може да победи. Локомотива во четири натпревари во групата доживеа четири порази и има гол разлика 2:11, со што е на последното место во својата група зад Порто (10), Шалке (8) и Галатасарај (4).

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од другата страна, Монако има еден бод во групата А, но Борусија Дортмунд и Атлетико имаат по осум бода, со што не е возможно во последните две гола да избори пласман во следната фаза од најелитното натрпеварување. Евентуално, Монако може да дојде до третото место во групата, но и тоа е многу тешко, бидејќи од Клуб Бриж, ривалот за местото кое води во Лигата на Европа, вчера загубија со 4:0.

Блиску до елиминација е и ПСВ, кој има еден бод и зад второпласираниот Интер заостанува шест бода, но тимот од Ајндховен сепак има какви-такви шанси за сензација, иако тие се во доменот на научната фантастика. Инаку, единствениот клуб кој веќе обезбеди пласман во осминафиналето е Барселона, која во својата група Б има десет бода пред Интер (7), Тотенхем (4) и веќе споменатиот ПСВ (1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид

Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè …