Дома Трансфер зона Се појави спас за Азар и тоа од клуб во Премиер лигата?

Се појави спас за Азар и тоа од клуб во Премиер лигата?

Eден Азар се уште е без клуб откако го напушти Реал Мадрид, Белгиецот е слободен, а се пишуваше дека би можел и да ја заврши кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради преголемиот број повреди во кариерата за Азар немаше преголем интерес од клубовите од посилните европски лиги, но сега се појави можеби интересна опција за Белгиецот.

Интерес за 32-годишниот фудбалер покажал премиерлигашот Кристал Палас. Првиот човек на Палас наводно верува дека Азар се уште има што да понуди на теренот и Рој Хоџсон е заинтересиран за реализација на овој трансфер.

За Азар ова би било враќање во Премиер лигата и обид за спас на кариерата. Своевремено Азар имаше одлични настапи во дресот на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…