Дома Фудбал Италија Се појави нов проблем со клубовите во Серија А

Се појави нов проблем со клубовите во Серија А

Повеќето од италијанските клубови не се согласуваат со здравствениот протокол кој е предложен од властите за обновување на тренинзите и евентуално натпреварите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според италијанските медиуми од 20 клуба во Серија А само Лацио, Јувентус и Џенова ги прифатиле мерките, а останатите 17 клуба се изјасниле негативно, со што е доведена во прашање иднината на сезоната на Серија А.

Клубовите сакаат редукција и промена на некои мерки, кои сега изгледаат многу ригорозно.

Планот е тренинзите да се обноват на 4-ти мај, а сезоната официјално да продолжи на почетокот на јуни.

Сепак, натпреварите ќе се играат без публика и со посебен протокол со 20 правила кои се поврзани со тренинзите, патувањата, постојано тестирање на КОВИД 19, дезинфекција итн.

Повеќето клубови бараат промена на правилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …