Дома Фудбал Лига на шампиони Се појави видео како доказ: Лошиот терен е „виновникот“ за елиминацијата на Интер

Се појави видео како доказ: Лошиот терен е „виновникот“ за елиминацијата на Интер

Интер вчера беше елиминиран по изведувањето на пенали од Атлетико Мадрид. Првиот натпревар „нероаѕурите“ го добија со 1:0, но денеска беа поразени со 2:1, а во пенал серијата избраниците на Диего Симеоне беа посигурно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пеналите кај Италијанците ги промашија Алексис Санчез, Дејви Класен и Лаутаро Мартинез. Посебно лошо пеналот го изведе Лаутаро кој шутираше високо над голот.

По натпреварот се појави видео на кое може да се види дека Аргентинецот некако ја придвижил малку топката пред ударот.

Тоа се случува во последниот чекор. Топката во тој момент се крена од земја, па на крајот Мартинез не можеше да ја удри нака како што сакаше, па таа заврши високо над пречката.

ВИДЕОТО ОД ОВАА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Итен состанок во УЕФА поради скандалозниот план на Инфантино, ќе се зборува и за бојкотот!

УЕФА денеска попладне организира итен состанок на кој ќе се донесе конечна одлука за контр…